Шпанија зафатена од топлотен бран, во Мадрид се измерени 45 степени

Човек пешачи по улиците на Толедо, централна Шпанија, каде температурите се исклучитело високи / / Фото: EPA-EFE/ANGELES VISDOMINE

Во последните денови Шпанија е зафатена од првиот летен топлотен бран со екстремно високи температури кои и денеска надминаа 40 степени Целзиусови.

Во Мадрид денеска на некои места се евидентирани 45 степени Целзиусови, а екстремно високи температури се забележани и во јужните градови Севиља и Кордоба.

Институтот за метеорологија (AEMET) издаде предупредување за осум од 17 автономни управи на Шпанија.

Тимовите за цивилна заштита во регионот на Андалузија на југот на земјата, каде температурите исто така достигнуваат до 44 степени, се во состојба на готовност.

Вчера највисока дневна температура од 43,8 степени Целзиусови беше измерена во Ел Гранада, област во провинцијата Хуелва во Андалузија.

Шпанија, која лани ја доживеа најтополата година во историјата, би можела да стане една од земјите на Европската Унија кои ќе бидат најмногу погодени од климатските промени, предупредуваат експертите.

„Во последната деценија, фреквенцијата на овие топли епизоди е три пати поголема отколку во претходните години“, истакна портпаролот на АЕМЕТ, Рубен дел Кампо

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот