ШОК ЗА „ЦРВЕНО-ЦРНИТЕ“, Вардар не доби лиценца за настап во ЛЕ

фото: ФК Вардар

Вардар во престојната сезона нема да игра во квалификациите за Лигата на Европа откако Фудбалската федерација на Македонија ја одби жалбата на „црвено-црните“. Комисијата за лиценцирање ја одби жалбата на најтрофејниот македонски фудбалски клуб, како неоснована и донесе конечна одлука да му забрани на Вардар настап во квалификациите за настап во Лигата на Европа.

Вардар цела сезона има финансиски проблеми, а откако сопственикот Сергеј Самсоненко, најави повлекување од ракометниот колектив, запреа и исплатите и за фудбалерите. Токму нестабилната финансиска состојба во Вардар и долговите кон фудбалерите за неисплатени плати, се причината за недобивањето на лиценцата за настап во Европа. Минатата недела, првостепената комисија одби да му издаде лиценца Вардар, а откако беше вложена жалба, денеска комисијата донесе конечна одлука со која Вардар аз прв пат по 2014 година нема да игра во некој од европските купови.

Освен Вардар, без лиценца остана и екипата на Победа која следната сезона ќе игра во Втората лига. Преостанатите осум прволигашки екипи, Академија Пандев, Беласица, Македонија ЃП, Работнички, Ренова, Силекс Шкендија и Шкупи, добија лиценци.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот