Шкендија со реми тргна во одбрана на титулата, минималец на Работнички и Македонија ЃП

Според ФК Работнички многу фудбалски клубови имаат тешкотии во финансирањето/фото: ФК Работнички

Бранителот на трофејот Шкендија со реми без голови ја започна одбраната на титулата во Првата фудбалска лига. Шкендија одигра без голови на гостувањето кај новиот прволигаш Тиквеш.

Без голови заврши и натпреварот помеѓу вториот фаворит за титулата и исто така новиот второлигаш. Брегалница Штип во натпреварот против Шкупи покажа дека има високи амбиции.

Минимални победи остварија Македонија ЃП и Работнички на домашен терен. „Лавовите“ со голот на Воша во 22 минута го совладаа Пелистер, додека Ристевски му донесе триумф на Работнички против Борец.

Резултати:
Тиквеш – Шкендија 0:0
Ренова – Скопје 1:1
Работнички – Борец 1:0
Брегалница – Шкупи 0:0
Македонија ЃП – Пелистер 1:0

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот