Шилегов: Трасата за новата улица Есенинова е скоро пробиена (ВИДЕО)

Пробивањето на новата улица Есенинова, која Град Скопје ја најавуваше уште во предизборната кампања, започна пред нешто повеќе од еден месец.

Слободен печат го праша градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов, како се одвиваат градежните работи и дали ќе се испочитува рокот за изградба на улица, на што добивме одговор дека до средината на идната година, Аеродром и Кесела Вода ќе бидат поврзани со Есенинова.

– Со трасата сме излезени скоро до самото поврзување, имаме експропријација на еден објект и треба да започнеме да работиме на дислокација на подземни бунари кои што се дел од Тутунскиот комбинат Скопје. Јас очекувам градежните работи ќе бидат завршени до крајот на идната година, рече Шилегов.

Улицата Есенинова ќе почнува од Кисела Вода кај „Рампа“ покрај пругата кон амбулантата “Пролет“ и ќе излегува на булеварот Трета македонска бригада во општина Аеродром во должина од 730 метри.  Ќе има две коловозни ленти и тротоари од двете страни низ Кисела Вода, а потоа четири коловозни ленти пред влезот во Трета македонска бригада.

Проследете ja целата изјава на скопскиот градоначалник Петре Шилегов:

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот