Шилегов им додели благодарници на учесниците на спасувачката акција во Драч

Градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов и заменик градоначалникот Енвер Малиќи денеска им доделија благодарници на пожарникарите и на доброволците коишто беа дел од екипите што заминаа во Албанија и учествуваа во спасувањето на настраданите во катастрофалниот земјотрес во Драч.

Благодарници им беа доделени на доброволците Артан Демири, Исма Рамадани, Неџати Бериша, Зекирија Мурат и Јахи Исеновски, како и на пожарникарите од Противпожарната бригада на Град Скопје Владимир Симоновски, Трајче Кметовски, Среќко Цимевски и Нуредин Мустафа.

Пожарникарите и доброволците се приклучија на спасувачките служби и учествуваа во извлекување и спасување на повредените во земјотресот, како и во расчистување на урнатините од оштетените објекти.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот