Шилегов ги удри таксистите по џебот – Ги избрка од пред Сити мол со 500 евра казна (ФОТО)

Петре Шилегов, Фото: European Union/Fred Guerdin

Градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов вечерва се пофали на својот Фејсбук профил дека ги казнил таксистите што стојат кај Сити мол со по 500 евра.

„Изречени казни по 500 евра на несовесните таксисти. Такси станицата кај Сити мол мора да се почитува. Ред мора да има !!!“, пишува Шилегов.

Фото: Фејсбук

Два часа подоцна тој повторно објави слика од пред Сити мол, но овој пат, ниту едно такси возило не може да биде забележано на улицата.

„Казните се сепак, добар начин. За жал. Сити мол, како што е редот …“, напиша Шилегов.

Фото: Фејсбук

Ова не е првпат градоначалникот да пробува да го среди сообраќајот. Пред два месеци тој лично ги бркаше таксистите од пред Сити мол, но тогаш тие поминаа без казни.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот