Шест занемарени намирници кои се одличен извор на железо

храна
Храна / Фото: Pexels / Mariana Medvedev

Железото е исклучително важен минерал за нашиот организам. Го внесуваме со храна и е суштински дел од хемоглобинот, протеин кој го носи кислородот од белите дробови до телесните ткива. Постојат неколку други причини зошто адекватниот внес на железо е од клучно значење за здравјето.

„Железото е важно за дравјето на сврзното ткиво, метаболизмот на мускулите и многу други процеси во човечкото тело. Ако не внесувате доволно железо, може да развиете анемија. Тоа може да биде многу сериозна состојба која води до симптоми како што се нарушена когнитивна функција, ослабен имунитет и замор“, вели нутриционистката Ејми Горин за „Men’s Health“.

Поради менструацијата, жените имаат поголема веројатност да развијат анемија отколку мажите. Изложени на ризик од анемија се мажите кои не јадат доволно храна богата со железо, оние кои губат крв поради чирови или дури и сериозно пиење, односно поради гастроинтестинално крварење.

Кога тоа е можно, Горин советува железото да се внесува преку храната наместо да се конзумира во форма на додатоци во исхраната.

Која храна содржи железо?

„Со храната внесувате различни хранливи материи кои се добри за вашето тело. Сепак, може да има случаи кога можеби ќе треба да земете додаток на железо“, објаснува таа.

Црн грав

Црниот грав е богат со протеини и антиоксиданси. Една чаша варен грав содржи 3,61 милиграми железо. Тоа е одлична опција за вегетаријанците, на кои им треба двојно повеќе железо од оние кои јадат месо. Тоа е затоа што растителните протеини не се апсорбираат толку лесно како животинските извори. Црниот грав е исто така извор на растворливи влакна, кои можат да придонесат за слабеење бидејќи заситуваат и спречуваат прејадување.

Спанаќ

Со шолја сварен спанаќ внесувате шест грама железо, што е многу добро. Спанаќот можете да го додадете во омлет или салати.

Мисиркино месо

Покрај тоа што содржи железо, ова месо е исто така богато со протеини, кои, кога се дел од исхрана богата со зеленчук, се поврзуваат со намален ризик од развој на дебелина, дијабетес и срцеви заболувања. Се препорачува мисиркиното месо да се јаде свежо, а не во форма на деликатеси, бидејќи на тој начин се избегнува внесување на непотребен натриум, адитиви и конзерванси.

Семки од тиква

Семките од тиква се добар извор на железо. Тие се и еден од најдобрите извори на магнезиум, кој ги опушта мускулите. Утврдено е дека луѓето кои вклучуваат доволно семки од тиква во нивната исхрана имаат намален ризик од рак на желудник, дојка, простата, дебелото црево и белите дробови. Можете да додадете семки од тиква во смути, гранола, салати, јогурти, супи, тестенини, хумус и гвакамола.

Суви кајсии

Се додека нема додаден шеќер, сувите кајсии треба да бидат задолжителен дел од вашето мени. Тоа е овошјето кое содржи најмногу железо. Тие се полни со флавоноидни антиоксиданси кои помагаат во неутрализирање на слободните радикали, а со тоа штитат од болести, вклучувајќи дијабетес и срцеви заболувања.

Тофу

Од половина шолја тофу добивате три грама железо. Покрај тоа, добивате протеини и влакна, кои ќе ви помогнат да останете сити подолго време.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот