Шешељ на Јована и кажа дека има убави нозе! Сопругата на Жељко, Јована Јоксимовиќ жестоко му одговори! (ВИДЕО)

Фото: Принтскрин

Лидерот на Српската радикална странка Војислав Шешељ ги изненади сите во емисијата „Утро со Јована и Срѓан“, кога на водителката Јована и кажа дека има убави нозе, поради кои би заборавил што сака да каже.

Микрофонот на сакото од Шешељ не била добро наместено, па Јована сама се понудила да му помогне и да му го намести.

– Повеќе сакам да ја гледам Јована – рекол Шешељ, а кога водителката му пришла, лидерот на Српската радикална странка и подели неколку комплименти.

– Ќе се збунам ако со тие убави нозе почнете да шетате околу мене, ќе заборавам што сакав да кажам. Имате љубоморен сопруг, знам добро – и рекол Шешељ, а таа не му остана должна.

– Водете сметка, вие сте обвинети… Имам љубоморен сопруг… – рекла водителката.

Како тоа изгледало, погледнете од видеото:

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот