Шеќеринска за Ковачки: Да реагирав на Твитер ќе кажев „ем лажго, ем плачко“

Министерката за одбрана Радимила Шекеринска ги коментираше заканите од полковникот Драган Ковачки до началникот на Генералштабот на Армијата на Република Северна Македонија Васко Ѓурчиновски и до неа откако е казнет со дисциплинска мерка.

„Да реагирав на Твитер ќе кажев „ем лажго, ем плачко“. И навистина срамно е кога офицер во една армија може да си дозволи да испраќа пораки со закана на било кој, а камоли на началникот на Генерал штаб и особено кога тие закани го претставуваат Ковачки со вистинската слика – како партиски војник. Да пишете „долга е раката на ВМРО – ДПМНЕ“ од еден старешина на друг старешина е срамно дури и на пониско ниво, а камоли од еден полковник до еден генерал и началник на ГШ. И она што е најинтересно е дека полковникот Ковачки очигледно навистина има проблем да сфати или да реши дали ќе продолжи да ја носи партиската униформа со која дава закани или ќе продолжи да ја носи војничката, изјави денеска министерката Шекеринска.

Според неа полковникот Ковачки покажал непознавање на законите и дозволил сопартијците да го пуштат низ вода.

-Сега повторно покажува непознавање. Според законот точно е познато кој какви одлуки може да носи. Воено дисциплинската комисија на армијата донесе предлог до мене да го изгуби чинот и работата.  Во многу држави кога еден полковник со силен партиски речник му се заканува на висок армиски функционер и началник тоа и требаше да се случи. Сепак најголемата осуда не се дисциплинските казни со пари, најголем осуда е срамот пред очите на јавноста, кога еден офицер покажал дека ниту еден од принципите офицерски не ги почитува. Се заканувал на свој претпоставен, користел партиски речник каков што користи цела година претставувајќи се како партиски војник и на крајот последниот принцип: кога ќе згрешиш и ќе бидеш финансиски казнет со дел од плата да не плачеш и да не се жалиш. Тоа не му доликува на било која армија, најмалку на офицер на македонската армија. Ова е последна опомена. На политиката не и е место во Армијата, децидна е Шекеринска која денеска посети комплетно реновиран објект со висока енергетска ефикасност во касарната „Илинден”.

Полковник Ковачки казнет шест месеци со по 30 проценти од плата поради закана кон потполковникот Ѓурчиновски

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот