Шефот на „Ла Лига“ предвидува пониски плати и помалку трансфери

фото: твитер

Најдоброто шпанско првенство проценува дека клубовите ќе загубат комбиниран приход од 300 милиони евра поради паузата.

Според претседателот на „Ла Лига“, Хавиер Тебас, најдобрите шпански екипи немаат друга алтернатива, освен да се соочат со намалување на платите на фудбалерите следната сезона поради финансиска штета од коронавирусот.

Фудбалската сезона во Шпанија е прекината од средината на март, и покрај тоа што натпреварите најверојатно ќе бидат рестартирани кон средината на јуни без гледачи, лигата проценува дека клубовите ќе загубат комбиниран приход од 300 милиони евра поради паузата.

За да се справат со тешките финансиски загуби, многу клубови, меѓу кои и Барселона и Атлетико Мадрид, воведоа привремени намалувања на финансискиот надоместок за време на вонредната состојба на земјата, иако шефот на најдобриот шпански фудбал верува дека ќе бидат потребни дополнителни кратења.

Клубовите ќе мора да ги намалат платите на своите играчи, нема друг лек – рече Тебас на виртуелната конференција организирана од Иберо-американскиот институт за спортско право, цитиран од шпански „АС”.

Шпанските клубови потрошија рекордна сума пари на трансфери минатата година, вклучувајќи 120 милиони на Барселона за Антоан Гризман и 126 милиони на Атлетико за Жоао Феликс. Клубовите треба годинава значително да ја ограничат својата трансферна активност во обид да се справат со строгите контроли на плати, кои утврдуваат колку тимовите можат да потрошат според предвидените приходи.

Клубовите сега имаат состави, кои ќе го надминат таванот на платите следната сезона, а екипите ќе треба да таргетираат играчи од училиштата, затоа што трансферите што ја надминуваат оваа граница нема да бидат дозволени, ќе биде невозможно да се направат. Мислам дека нема да има многу трансфери следната сезона, во Шпанија и остатокот од Европа. Тековната состојба нема да го дозволи тоа. Тимовите или ќе треба да ги намалат платите на своите играчи или ќе треба да потпишат со помалку и поевтини играчи на пазарот – додаде Тебас.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот