Шефилд му направи услуга на Јунајтед, со посед на топката од 24% му даде три „парчиња“ на Челси

фото: EPA-EFE/Shaun Botterill

Шефилд јунајтед направи вистинско изненадување во 35. коло од Премиер лигата со убедливиот триумф од 3:0 над Челси.

Трката за последните две места кои водат во Лигата на шампионите, ќе биде максимално неизвесна во последните три кол а од Премиер лигата.
Челси е третопласиран со 60 бода, еден повеќе од Лестер и два од Манчестер јунајтед кои имаат и натревар помалку, а пласман во Лигата на шампионите ќе обезбедат само две екипи.

Неизвесноста во трката за ЛШ ја внесе тимот на Шефилд јунајтед кој игра фантастично и се наоѓа на шестото место, тие на домашен терен го совладаа Челси со 3:0 на својот „Брамал лејн“ стадион.

Победата добива на тежина доколку се знае дека домаќините имаа само 24% од поседон на топката, но заслугите за победата одат на сметка на Дејвид Мекголдрик кој постигна два гола. Третиот гол беше дело на Оливер Мекбурн.

Екипата на Ливерпул за прв пат по јануари 2019 година не успеа да победи на домашен терен во натпревар од Премиер лигата. Новиот англиски шампион откако дојде до титулата по пауза од 30 години, се опушти и одигра само 1:1 против Барнли.

Резултати:
Норич – Вест Хем 0:4
Вотфорд – Њукасл 2:1
Ливерпул – Барнли 1:1
Шефилд јун. – Челси 3:0

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот