Шарлиз Терон: Комбинација со плисирано здолниште која многу жени би ја прескокнале (ФОТО)

Profimedia

Шарлиз Терон беше главна ѕвезда на црвениот тепих (која во оваа прилика беше виолетов), на премиерата на анимираниот филм „Семејството Адамс“, која се одржа во Лос Анџелес. Прекрасната актерка носеше комбинација со потписот на Диор.

Елегантната бледо-сина кошула Шарлиз ја искомбинира со плисирано здолниште со должина до глуждовите. Интересното здолниште славната убавица го носеше со рамни црни шпицести чевли.

Стајлингот за премиерата на филмот „Семејството Адамс“, 44-годишната шармантна актерка го дополни со тенки метални ланчиња, ситни обетки, крупни прстени и црна кожна полуракавица на левата дланка, а го истакна и со ремен во облик на долго јаже од коноп како додаток на здолништето.

Во новиот анимиран филм за легендарното семејство Адамс, Шарлиз Терон го позајми гласот за Мортиша Адамс, а останатите актери кои го позајмија своите гласови за ликовите се Оскар Исак (Гомез Адамс), Клои Грејс Мортез (Венздеј Адамс), Фин Волфхард (Пагзли Адамс), Ник Карол (вујко Фестер), Снуп Дог (Ит), Бет Мидлер (бабата) и многу други.

Charlize Theron na premijeri filma 'Obitelj Adams' u plisiranoj suknji modne kuće Dior
Profimedia

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот