Шарл Леклер го продолжи договорот со Ферари

twitter/formulaone

Како што информира и официјалниот сајт на Формула 1, возачот од Монако го продолжи договорот на уште пет години.

Ферари не сакаше пред јавноста да ги презентира финансиските детали околу новиот договор.

Се очекува Леклер да заработува девет милиони евра по сезона, што е трипати поголем договор од оној кој го имаше оваа година.

Во сезоната од Светскиот Ф1 шампионат која неодамна заврши во Абу Даби, Леклер го освои четвртото место во генералниот пласман кај возачоте со 24 бодови предност во однос на клупскиот колега, Себастијан Фетел. Забележа две победи, една повеќе од Германецот.

– Едвај го чекам продолжувањето на соработката со екипата, после интересната 2019. година. Ќе биде интересно да дознаеме што ни носи иднината – вели Леклер.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот