Шаќири: Зборот на СОНК не траеше ниту еден ден, директорите од утре да ги отворат училиштата

Јетон Шаќири, министер за образование/Фото: Скриншот

Министерот за образование Јетон Шаќири по изјавата на претседателот на СОНК Јаким Неделков дека и утре продолжува штрајкот во основните и средните училишта низ државава, упати остра реакција преку Фејсбук нагласувајќи дека вчера веќе се договориле со СОНК штрајкот да биде прекинат зошто наставничкиот кадар ќе добие 12 проценти повисока плата.

-Во интерес на учениците и непречен образовен процес, како и во интерес на наставниците и унапредување на нивниот социјално материјален статус, во текот на вчерашниот ден постигнавме договор со СОНК, кој претставници на социјалните партнери, а во присуство на највисокото раководство на Европската конфедерација на синдикати за образование, објави до јавноста: 12% повисоки плати во образованието од јули, заедничко воспоставување методологија за раст на платите што ќе се применува од 2023 година и исплата на рецесија за годишен одмор и од следната година. Но, зборот на СОНК не траеше ниту деноноќие. Денешната одлука на синдикалното раководство е сменета на штета на нашите млади, основци и средношколци, нагласи министерот Шаќири.

 

Тој нагласува дека Министерството за образование и наука цени дека досега е изгубена премногу настава и тоа мора да престане.

-Јазот во знаењето е доволно голем кој го создаде овој штрајк со целосно блокирање на работата на училиштата и повеќе не смее да се продлабочува. Ги повикуваме директорите на училиштата, задолжени за организирање на работата на овие образовни институции, од утре да ги отворат вратите на училиштата и да продолжат со организирање на наставата согласно законите за основно и средно образование. Тие имаат обврски и се одговорни да не постапуваат по нив, пишува министерот.

Тој ги повикува и родителите / старателите на учениците утре да продолжат да ги носат своите деца на училиште.

-Тие се најмалку виновни за губење на наставата поради несериозноста на организацијата, но можат многу да помогнат во нормализирање на ситуациите. Да го завршиме ова лошо поглавје од тековната учебна година и да поставиме иднина за нашите деца. Голем дел од нив чекаат за упис во средни училишта или факултети. Многумина решиле да се вработат по завршувањето на средното образование, но неизвесно е доделувањето на дипломите во предвидениот рок. Да не им ги уништуваме плановите и очекувањата. Сите имаме одговорност!, дециден е Шаќири.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот