Неделков: Штрајкот во основното и средно образование продолжува и утре, градинките ќе работат

Претседателот на СОНК Јаким Неделков ги сумираше заклучоците од денешниот Совет на СОНК кој разговараше за вчерашните договори со Владата.

-Нашето членство се изјаснуваше по однос на договореното и ги сумиравме резултатите. Од вкупно 480 синдикални организации,  388 беа за продолжување на штрајкот, а 83 за прекинување на штрајкот. Најголем дел од овие се од синдикатот за детска заштита, додека за продолжување на штрајкот се изјаснија синдикалните организации од основното и средното образование. СОНК со оглед на сумираните резултати, одлучи штрајкот во основното и средното образование да продолжи и во утрешниот ден се до исполнување на нашите барања. Во градинките штрајкот ќе се стави во мирување, градинките редовно ќе работата во интерес на родителите, децата и на стопанството кое трпи, и ќе ги отворат вратите и ќе работат со нормален интензинет, рече Неделков.

Советот на СОНК одлучи да организира голем масовен протест во среда 4 мај 2022 пред Владата.

СОНК  жали за пропуштената настава, и бара разбирање и поддршка од сите засегнати страни, нагласи Неделков.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот