Серија А: 30 години подоцна, Лацио повторно го освои „Сан Сиро“! (ВИДЕО)

twitter.com/SempreMilanCom

Милан во последниот денешен дуел од 11. коло во Серија А беше поразен пред своите верни навивачи во дербито од Лацио со резултат 1:2.

30 години чекаше Лацио за нова гостинска победа на „Сан Сиро“ против Милан, последен пат тоа го направи на 3 септември 1989 година.

„Небесно-сините“ на тој начин ја запиша шестата победа оваа сезона во најсилното италијанско првенство, а „росонерите“ го претрпе шестиот пораз во шампионатот.

Сите голови на мечот ги постигнаа играчите на римскиот клуб, а серијата започна со погодокот кој во 25. минута го реализираше Чиро Имобиле после асистенцијата на Лазари.

Само три минути подоцна Бастос си постигна автогол за израмнување, а конечниот епилог го постави Жоакин Кореа.

Во 83. минута Кореа после една одлична соло акција и добар шут го матираше Џанлуиџи Донарума.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот