Секоја среда и петок дезинфекција на Кривичниот суд

Од судот упатуваат апел до сите адвокати, обвинители, вештаци, сведоци и останати странки, доследно да ги почитуваат и да се придржуваат кон препораките на Владата.

Судници, ходници, санитарни јазли, шалтери и сите останати простори во новата и стара зграда на Кривичен суд – Скопје, денеска и во петок на 20 март ќе бидат темелно дезинфецирани, информираат од Кривичниот суд – Скопје.

– Согласно препораките на Владата на РСМ овие дезинфекци ќе се вршат секоја среда и секој петок се додека постои потреба. Воедно за заштита од ширење на корона вирусот како и здравјето на странките и вработените во институцијата, судот обезбеди средства за дезинфекција достапни на секој шалтер, а секој службеник кој има директен и непосреден контакт со странките е задолжен да носи стерилни ракавици и медицинска маска, се наведуваа во соопштението на Кривичниот суд.

Оттаму упатуваат апел до сите адвокати, обвинители, вештаци, сведоци и останати странки, доследно да ги почитуваат и да се придржуваат кон препораките на Владата.

Судот во текот на денот ќе ја информирма јавноста во однос на одлуката на Судскиот совет за сите закажани итни и неодложни судења во следниот период.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот