Секој трети стан празен – и натаму се купуваат, а цените вртоглаво растат

Во третиот квартал од оваа година цените на становите се зголемиле за дури 21,2 проценти во однос на истиот период лани, објави Народната банка.

Градежниците, но и аналитичарите веќе подолго време укажуваа на тоа дека кај нас ќе продолжи растот на цените на становите, аико секој трети е празен. Консултантската куќа „Фортон Македонија“ неодамна ги презентираше резултатите од пазарот на недвижности, укажувајќи на тоа дека цените растат поради поскапените градежени материјал, како и поради растот на побарувачка.

– Растот на цените е предизвикан од две групи фактори. Едната е драстичниот раст на цените на градежните материјали, а другата е поради растот на побарувачката, така што сега имаме избалансираност на пазарот. Тоа се должи и на традиционалните навики на нашето население да инвестира во недвижности. Во услови на ниски каматни стапки на депозити, како сигурна инвестиција, оние што имаат слободни пари се одлучуваат да ги инвестираат во станови. Исто така, и нашите иселеници имаат традиција да инвестираат во стан во Македонија – објасни Олга Дервенџи, менаџер за развој во „Фортон Македонија“.

Според Пописот, од вкупно 839.174 станови, 531.987 станови или 63,4 проценти се населени, а 307.187 станови или 36,6 проценти се ненаселени.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот