Секогаш пристап до вашите пари – Банкомати

Фото: Профимедиа

Тешко е да се замисли современиот начин на трансфер на пари без банкомати. Во динамично време, кога луѓето се дел од глобалниот пазар, можноста да се подигнат средства во кое било време и кој било дел од светот, е навистина важна придобивка.

Што е банкомат?

Банкоматот или „automated teller machine“ (ATM, светски позната кратенка), оваа машина е можност да подигнете средства по електронски пат. Штеди време, смалува метеж по банки и трошоци по шалтери. Убавината на овој корисен апарат е што може да се користи 24 часа. Се користи преку дебитни или кредитни картички со ваш личен код, со внесувaње на ПИН (вашата тајна шифра) и бирање на одреден износ на средства. Корисникот комуницира со банката на матичниот јазик, или пак одбира друг јазик доколку е странец. Во најновите модели на банкомати, постои опција за промена на валута, депонирање готовина, плаќање сметки и други операции.

Малку историја

Првиот човек што добил идеја да направи ваква револуционерна машина, бил Лутер Џорџ Симјиан. Неговиот предлог бил прифатен со овации во банката „Ситикорп“ и во 1939 година за првпат ја понудила оваа можност на своите клиенти. Но, немало баш некој интерес. Веројатно луѓето уште биле несвесни за технолошките предности и не дале шанса. Дури во 1967 година, банката „Берклиз“ во Лондон го инсталира првиот банкомат што успешно го претставува развојот на сите банкомати ширум светот подоцна.

Денешното користење и поволности

Многу често се случува итно да ви се потребни средства во „кеш“, или да имате потреби кои значат брзо вадење пари. И се разбира – прво што ќе се сетите е, каде има најблизок банкомат? Она што е важно при избирање банка за вашите трансакции, е секако поволност, која ќе значи минимум провизија при вадење средства. Во широката палета понуди на банките, „Халкбанк“ АД Скопје има одлична понуда, со која доколку сте примател на плата/пензија во „Халкбанк“ АД Скопје, во секое време можете да подигнувате готовина од сите банкомати во земјата без провизија.

Иднината е сега

Користењето банкомати сигурно делувало страшно за клиентите на почетоците од нивното појавување. Сега кога речиси секој чекор во електронското подигнување средства е автоматизиран, безбеден и едноставен, нема причина за грижа. Банките се во чекор со новитетите, секое ваше подигнување средства е ефикасно и ви овозможува брз пристап до вашите пари секаде и во секое време.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот