Сефте за Металург на подготовките – Слободен печат
РакометСпорт

Сефте за Металург на подготовките

Тимот од Автокоманда го совлада Партизан на турнирот во Кањижа.

Во последниот натпревар од Кањижа Купот, Металург убедливо го совлада белградски Партизан, со 28:23 (12:11). Со оваа победа, Металург го заврши турнирот на третото место, а ова беше прв триумф за екипата во настапите на двата турнири, во Русија и сега во Србија.

Металург на оваа средба настапи без двајцата голмани но и нивната замена, Мијатовиќ, беше солиден со 10 одбрани.

Металург не го почна најдобро овој натпревар и во првите дваесетина минути најчесто беше во резултатска негатива од еден до два гола. Се се смени во 24. минута, кога Металург го презеде водството и веќе не го испушти до самиот крај на натпреварот.

Најдобар стрелец во Металург повторно беше Мице Шилегов, со седум постигнати голови.

Металург по настапот на турнирот во Кањижа, пред да се врати во Скопје, утре ќе одигра пријателски натпревар со екипата на Дубочица.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close