Седумина повредени во три сообраќајки

Седум учесници во сообраќајот се повредени во сообраќајни несреќи кои се случиле во текот на вчерашниот ден.

Според МВР, вчера во 17.20 часот е пријавено дека на ул.„Јустинијан Први” се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко моторно возило „опел вектра” со скопски регистарски ознаки, управувано од Р.Т.(52) од Скопје и патничко моторно возило „сеат леон” со скопски регистарски ознаки,  управувано од А.И.(40) од  Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил Р.Т., а со телесни повреди се здобиле А.И. и уште двајца малолетни сопатници од истото возило, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

Втората сообраќајка се случила на локалниот пат Скопје-Велес, во атар на нас.Дрма, патничко моторно возило „мерцедес” со пробиштипски регистарски ознаки, управувано од Е.М.(53) од Кочани, излетало надвор од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле возачот и сопатничката Ж.М.(55) од Кочани, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

Третата сообраќајка се случила на магистрален пат село Удово – село Марвинци, на место викано „Марвинска крстосница” се случила сообраќајна несреќа помегу патничко моторно возило „опел корса” со валандовски регистарски ознаки, управувано од М.К.(44) од село Јосифово, валандовско и патничко моторно возило „опел инсигниа” со валандовски регистарски ознаки, управувано од Д.Д.(27) од село Брајковци, валандовско. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот М.К., констатирани во Медицински центар Гевгелија. Увид на местото извршила екипа на Полициската станица Валандово.

Тешка сообраќајна несреќа на патот Куманово-Крива Паланка, сообраќајот е во прекин

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот