Седницата на косовскиот парламент за укинување на таксите за Србија закажана за понеделник

Фото: Профимедиа

Вонредната седница на косовскиот парламент за делимичното и условно укинување на такси на српските производи и производите од БиХ е закажана за понеделник.

Седницата, на чиј дневен ред ќе се најде владиниот предлог, закажана е на барање на 41-те опозициски пратеници.

Тоа го одлучи претседателството на косовскиот парламент.

Претседателката на парламентот Вјоса Османи изјави дека по седницата дека никој во Приштина не се обидува да им наштети на односите со САД.

– Ќе имаме состаноци со премиерот за да разговараме за овие прашања. Што се однесува на сомненијата дека некој се обидува да им наштети на односите со САД, ви велам дека не постои такво нешто – рече таа, пренесе приштинска „Коха“.

Најави и дека денес ќе се состанат претставниците на двете партии од владеачката коалиција.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот