Се запали воз полн со навивачи (ВИДЕО)

twitter.com/PolReporter

Фановите на германската екипа Фрајбург со воз се враќаа дома после фудбалскиот натпревар со Унион, но на патот спрема Фрајбург дојде до пожар.

Дури 200 пожарникари го гаснеа пожарот, а голем број на полициски и амбулантни возила брзо стигнаа во близина на возот кој гореше.

Германските медиуми известуваат дека три лица се хоспитализирани со полесни повреди, а имал уште еден човек, иако повреден, одбил лекарски третман.

Портпаролот на противпожарната служба изјави дека еден вагон изгорел „во целост“ и потврди дека неколку стотици фанови биле во возот.

Стотици патници скокнаа од возот носејќи јакни и шалови преку лицето со цел да се спасат.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот