Се преврте автобус со вработени во Кромберт и Шуберт, неколкумина се повредени

Полиција / Фото: МВР

Утрово кај 6:30 во близина на фабриката ,,Кромберг и Шуберт” во Жабени се случи сообраќајна незгода, се превртел автобус со вработени. Ова се првичните информации од битолската полиција, од каде го потврдуваат настанот, каде се врши увид.

Од СВР Битола велат дека повредените се надвор од животна опасност, додека подетални информации ќе има во текот на денот.

Автобусот се превртел на излезот од фабриката, а пет лица биле пренесени во болница меѓу кои и возачот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот