Се поголеми злоупотребите на криптовалутите: Загубите скокнаа за 160 проценти

Минатогодишните загуби скокнаа за скоро 160 проценти од 2018 година кога тие достигнаа 1,74 милијарди долари.

Загубите предизвикани од злоупотреба на криптовалутите, скокнаа на 4,52 милијарди американски долари минатата година, поради тоа што се зголемија кражбите во тој пазар.

Од друга страна, загубите од хакерските напади се намалени, се вели во извештајот на форензичката компанија за блокчејн-технологија „Сипер трејс“, кој го разгледа „Ројтерс“.

Минатогодишните загуби скокнаа за скоро 160 проценти од 2018 година кога тие достигнаа 1,74 милијарди долари.

Загубите на корисници на криптовалути и инвеститори заради измама се повеќе од петпати во минатата година, додека хакерските кражби опадна за 66 проценти, се вели во извештајот.

Двете големи загуби на почетокот на минатата година беа главните двигатели на ваквиот висок скок, пренесува „Сипер трејс “.

Корисниците и купувачите на критповалути изгубија приближно 3 милијарди американски долари во т.н. шема „Понзи“, што подразбира криптопаричник и размена на плус токени. Втората голема загуба е скоро 135 милиони американски долари од клиенти од канадската берза за криптовалути „КувадригаЦХ“ по ненадејната смрт на нејзиниот ко-основач, се додава во извештајот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот