Се огласи сопругата на Коби: Невозможно е да се замисли животот без Коби и Џиана
Четири дена по трагедијата во која животот го загубија Коби Брајант и неговата ќерка Џиана, на Инстаграм се огласи сопругата на славниот кошаркар, Ванеса.
Таа во емотивна порака се заблагодари на сите кои и праќаат поддршка на неа и нејзиното семејство.
„Девојките и јас сакаме да се заблагодариме на милионите луѓе кои покажаа поддршка и љубов во ова ужасно време. Ви благодарам на сите за вашите молитви, дефинитивно ни се потребни. Комплетно сме скршени поради ненадејната загуба на мојот прекрасен сопруг Коби, татко на нашите деца убавата и слатка Џиана и нејзините сестри Наталија, Бјанка и Капри. Нема доволно зборови за да се опише нашата болка.
Утеха ми е тоа што Коби и Џиџи знаеја дека се многу сакани. Благословени сме што ги имавме во нашите животи. Би сакала да останат со нас засекогаш. Не сум сигурна што ни носат во иднина животите, и невозможно е да се замисли животот без нив. Меѓутоа ќе се будиме секој ден обидуваји да се продолжиме со својот живот знаејќи дека Коби и Џиџи ни го осветлуваат патот. Нашата љубов е бескрајна и немерлива. Ви благодарам што ја делите вашата радост, тага и поддршка со нас“, напиша Ванеса Брајант на Инстаграм.