Се огласи Барселона: Лага се обвинувањата за корупција

Претседателот Бартомеу во средата го тргна од потпретседателската функција Росау кој по еден еден заедно со уште шет члена на управата со поднесоа оставки.

Росау и останатите членови на управата го обвинија претседателот на Барселона Хосеп Мариа Бартомеу дека „ставил рака во благајната“ на клубот при ангажирањето на компанија која ја социјалните мрежи ќе го крева угледот на управата на клубот на сметка на фудбалерите.

По тешките обвинувања кои утринава го изнесе господинот Росау, Барселона категорично офрла било каков чин кој би се оквалификувал како корупција. Поради тоа клубот го задржува правото да покрене правна постапка“, стои во соопштението на Барселона.

Во февруари годинава шпанските медиуми објавија дека компанијата I3Venture, која Барселона ја ангажира за комуникација преку социјалните мрежи, креирала лажни профили преку кои пишувала негативни коментари за противниците на претседателот Бартомеу.

Главна цел на негативната кампања беа главниот противкандидат напретседателските избори кои ќе се одржат идната година, Виктор Фонт, но и фудбалерите како Лионел Меси и Жерар Пике.

Меси бил на удар на претседателот Бартомеу бидејќи не сакал да потпише нов договор со Барселона, додека Пике се најде на црната листа поради неговите бизнис активности и јавното признавање дека еден ден сака да седне на претседателското столче.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот