Се дезинфицираат патничките возови

Се дезинфицираат патничките возовите што се во оптек, како превенција од ширење на вирусот Ковид-19. Специјализиран тим, како што соопштуваат од Железници на Република Северна Македонија Транспорт АД – Скопје, дезинфекцијата ја извршил денеска на четири гарнитури и четири вагони што превезуваат патници на различни релации.

-Железници на Република Северна Македонија Транспорт АД-Скопје, како општествено одговорна компанија, се приклучи на иницијативата за спречување на ширењето на вирусот Ковид-19 познат како Корона вирус, откако Владата донесе мерки за превенција од вирусот за заштита на јавното здравје и здравјето на граѓаните, информираат од претпријатието.

Акцијата е започната денеска за превентивна дезинфекција против ширењето на овој вирус, а по потреба ќе се спроведе повторно.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот