Се дезинфицира патот до Дрисла

Град Скопје денеска информира за спроведена акција за дезинфекција на улиците во населеното место Батинци, во близина на депонијата Дрисла.

„Во акцијата е употребено специјално комунално возило за оваа намена, а извршено е миење на повеќе улици во населеното место Батинци, како и на главниот пат од раскрсницата пред влезот во Драчево до клучката за влезот во депонијата Дрисла“, стои во соопштението од Градот.

Од таму информираат дека активностите за чистење и дезинфекција на јавните површини во градот се со цел да се подигне нивото на јавната хигиена и да се заштити здравјето на граѓаните од ширењето на корона вирусот.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот