СДСМ: Во инцидентот со Пендиков вмешани симпатизери на ВМРО-ДПМНЕ

Сите учесници во инцидентот во Охрид се членови или симпатизери на ВМРО-ДПМНЕ, сликани со Мицкоски, Николовски. Едниот од напаѓачите е дури и вработен во администрацијата на градоначалникот на Охрид, Пецаков, кој исто така е од ВМРО-ДПМНЕ, велат од политичката партија СДСМ.
ВМРО-ДПМНЕ е политичка партија која работи против членството на државата, им служи на туѓите интереси и делува по туѓа агенда. За инцидентот постапува обвинителството, откако МВР успеа веднаш да ги пронајде напаѓачите и да постапи соодветно, соопштија од СДСМ.
Додаваат дека насилство од каков било тип е неприфатливо, како и сите обиди за попречување на европскиот пат и навредите на чувствата на македонските граѓани.
– И додека СДСМ ги остварува стратешките цели, ја внесе земјата во НАТО, ги отвори преговорите со ЕУ, Мицкоски се натпреварува со Левица во тоа кој е поголем противник на ЕУ. На државата не и потребно потпалување на атмосферата, туку продолжување на европскиот пат, обезбедување на уставните измени за интеграција во ЕУ, порачаа од владејачката партија.