СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ оставка да бара од нивниот лидер зашто поттикнува ширење на ковид-19

Скопје, 26 август 2020 / Фото: Драган Митрески - Слободен печат.

ВМРО-ДПМНЕ до толку се загубени во своите деструкции што ги имаат помешно работите. Оставка треба да бараат од нивниот шеф Христијан Мицкоски кој поттикнува ширење на заразата со ковид-19 и непочитување на мерките за заштита, регираат од владејачката партија СДСМ откако опозицијата пораба оставка од Филипче.

-Токму Мицкоски во време на најголемата криза прв ги кршеше мерките и забраните, одеше во фитнес центри и седеше во затворени делови на ресторани кои во тој период им беше забрането да работат и при тоа агнажираше структури на Наќе Чулев да го скријат неговото неодговорно и незрело однесување. Од почетокот на пандемијата па се до денеска, Венко Филипче се бори со вирусот, ВМРО-ДПМНЕ ја поткопува работата на здравствените институции, шират лажни вести и поттикнуваат ширење на заразата и непочитување на мерките- се вели во реакцијата на СДСМ.

ВМРО-ДПМНЕ организираат собири, потенцираат оттаму, каде масовно се кршат мерките за носење заштитна опрема и држење дистанца.

-Таквите таканаречени протести кои служат само за спас на фотелјата на Мицкоски се директна закана кон јавното здравје. Заради таквото незрело и опасно однесување на Мицкоски тој губи три пати по ред на избори и уште долго останува во опозиција. Оставката на Мицкоски е таа за која треба да зборува ВМРО-ДПМНЕ- стои во реакцијата на СДСМ.

ВМРО-ДПМНЕ бара Филипче да се охрабри и да си поднесе оставка

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот