ВМРО-ДПМНЕ бара Филипче да се охрабри и да си поднесе оставка

Фото: МИА

Македонија тоне во зараза од КОВИД-19. На секој час во последните 48 часа имаме по 10 заразени. Само вчера регистрирани се нови 243 случаи. Заев и Филипче велеа дека бројот на заразени нема да надмине 2.000, а сега тој е 18.602 и е речиси десеткратно повеќе отколку Заев и Филипче не уверуваа, велат од опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ.

-Заев и Филипче немаат стратегија. Македонија секој ден има нов пик. И нема изгледи за стивнување на бранот. Состојбата е уште полоша затоа што власта нема соодветни протоколи ниту во градинките ниту во школите. Секојдневно гледаме заразени од градинки и одговорност нема. Состојбата е алармантна и на полето на починати. Во текот на вчерашниот ден починаа 4 лица, со што бројката на починати се искачи на 753. Заев и Филипче немаат контрола над ситуацијата. Со Заев и Филипче Македонија само ќе тоне- се вели во соопштението од опозицијата.

И Заев и Филипче, потенцираат оттаму, мора да понесат одговорност за хаосот во кој сме моментално.

-Оставка е морален, но и единствено исправен чекор во моментот. Филипче охрабри се – Поднеси оставка- велат оттаму.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот