Савовски: Во последните пет минути како да не бевме на теренот!

принтскрин/youtube

По повеќе од две години Вардар се враќа без бодови од Брест од дуелите со Мешков во ЕХФ Лигата на шампионите. „Црвено-црните” загубија со 31:22 (12:13) во деветто коло на групната фаза што е четврти пораз сезонава, втор по ред во елитното европско клупско натпреварување.

Македонските и европски шампиони беа рамноправни, имаа и водство на полувреме. Егал беше до 52 минута и потоа се случи целосен пад на концентрацијата, на теренот како да постоеше еден тим. Домашните тоа го искористија и се одвоија на 28:22 што беше клучно и решавачко за крајниот епилог.

После мечот воглавно на прес конференција се појавува тренерот, но Едуард Кокшаров веќе вторпат (после пораз) не се појавува, (претходно изјава даваше тренерот на голманите Дејан Периќ после дуелот со Веспрем), а сега се појави директорот на клубот, Марко Савовски.

– Честитки до домашниот тим. Немам многу зборови што да кажам околу натпреварот. Игравме добро 52 минути, скоро рамноправно. Водевме во првото полувреме, но на крајот имавме некои проблеми во одбраната. Мислам дека последните пет минути како да не бевме на мечот, што е невообичаено за нас како европски шампиони. Нема оправдувања, имаме натпревар наредното коло за кое мораме да се подготвуваме и се обидеме пред нашите навивачи да се поправиме – рече Савовски на пресот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот