Санкционирани 327 возачи за брзо возење, 107 биле под дејство на алкохол

Сообраќаен прекршок / Фото: Министерство за внатрешни работи

Во текот на вчерашниот ден, Министерството за внатрешни работи продолжи со засилените акциски контроли за санкционирање на возачи што возат со брзина поголема од дозволената, како и санкционирање на возачи кои управуваат под дејство на алкохол.

– Санкционирани се 327 возачи кои возеле над дозволеното, а 107 возеле под дејство на алкохол, соопшти портпаролот на МВР, Тони Ангеловски на денешната прес-конференција во Охрид.

МВР информира дека засилените акциски контроли продолжуваат и во текот на наредните денови и апелира до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила за побезбеден сообраќај.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот