Санчез во Киев вети помош од ЕУ во борбата против руската агресија додека е потребно

Педро Санчез во Киев/ Фото: EPA-EFE/SERGEY DOLZHENKO

Во посета на Киев денеска е шпанскиот премиер Педро Санчез, кој како претседавач со ЕУ изјави дека Европската унија е решена да и помогне на Укарина во борбата против руската агресија.

Санчез се обрати во украинскиот парламент со порака дека ЕУ ќе биде со Украина онолку долго колку што е потребно, пренесува Бета.

-Тука сум да ја изразам цврстата решеност на ЕУ и Европа против нелегалната и неоправдана руска агресија врз Украина. Ова е агресорска војна. Агресорот и жртвата не може да се третираат подеднакво, а игнорирањето на правилата не треба да се наградува на кој било начин. Затоа го поддржуваме мировниот план на Зеленски- изјави шпанскиот премиер.

Осврнувајќи се на можноста за мировни преговори, Санчез кажа дека „само Украина може да ги одреди условите и времето за тоа“.

Санчез во Киев ќе има средба со украинскиот претседател Володимир Зеленски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот