Санчез: Одлуката на Велика Британија за карантинот е неправедна кон Шпанија

Одлуката на Велика Британија да воведе задолжителен карантин за повратниците од Шпанија е неправедна, изјави шпанскиот премиер Педро Санчез.

Според него, шпанската Влада е во контакт со британската Влада и се обидува да влијае за промена на одлуката.

Шпанскиот премиер кажа и дека „грешката” на Лондон е во тоа што го земал предвид бројот на заразени од коронавирус  во цела Шпанија, истакнувајќи дека повеќето региони во оваа земја имаат пониска стапка на Ковид-19 од Велика Британија, пренесоа британските медиуми.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот