Сакраменто постигна рекордна 21 тројка во триумфот над Клиперс (ВИДЕО)

„Кралевите“ направија вистинско изненадување и го совладаа ЛА Клиперс како гости со убедливи 124:103.

Клиперси добро одиграа само во првата четвртина, но затоа во втората следеше тотален распад на нивната игра. Сакраменто предводен од Деарон Фокс, но и одличниот шут за три поени на целиот тим, втората четвртина ја добија во своја корист со 22 поени разлика (36:14).

Клиперси не успеаја да се опорават од катастрофалната игра, постојано имаа двоцифрена негатива, по што Сакраменто рутински дојде до победата. „Кралевите“ остварија клупски рекорд со постигната 21 тројка, а најзаслужен за триумфот беше Деарон Фокс со 34 поени.


Никола Јокиќ беше го предводеше Денвер нагетс во победата од 106:100 над Јута џез во дербито на Западот. Јокиќ информацијата дека по втор пат ќе игра на ол стар натпреварот ја одбележа со 28 поени и 10 скока, додека кај Јута се истакна Џордан Кларксон со 37 постигнати поени.


Актуелниот шампион Торонто репторс ја забележа деветтата победа во низа откако со 115:109 славеше над Кливленд. Серж Ибака со 26 поени и Кајл Лаури со 23 постигнати поени беа најпрецизни кај шампионото, додека во редовите на Кливленд се истакна Колин Секстон со 23 поени.

Резултати:
Кливленд – Торонто 109:115
Вашингтон – Шарлот 121:107
Атланта – Филаделфија 127:117
Бостон – Голден Стејт 119:104
Денвер – Јута 106:100
ЛА Клиперс – Сакраменто 103:124

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот