„Сакаме да го притиснеме Путин“: „ЈуТу“, Адел, „Ролинг стоунс“ ќе пеат на голем концерт за помош за Украина

Боно Вокс/Адел/Мик Џегер/Фото: Инстаграм/ Профимедиа

Голем концерт „Лајв eид“ (Live Aid) за помош на Украина и жртвите на руската агресија треба да се одржи ова лето. Датумот на концертот е 24 јуни, на „Вембли“, а целта е да биде своевидна поддршка на украинскиот народ, објави „Сан“.

Спектакуларниот концерт би требало ги собере големите светски музички имиња на едно место.

„Ролинг стоунс“, „ЈуТу“, Пинк, Килерс, Адел, Пол Макартни, Ноел Галагер, „Флоренс енд д машин“, се само некои од многуте ѕвезди кои се поканети на концертот.

Планирано е концертот да има телевизиски пренос низ светот, со цел да се испрати силна порака до рускиот претседател Владимир Путин, вели анонимен извор за „Сан“.

„Ова ќе биде голем настан. Ќе настапуваат најдобрите музичари во светот. Ова го сакаа луѓето подолго време и сега одредивме време и место. Веќе ги поканивме најголемите музички ѕвезди, но свесни сме дека поради набиениот распоред, и ваквите ненадејни покани, можно е да не дојдат сите кои ги поканивме“, објаснил изворот.

„Оптимистични сме за концертот, бидејќи многу од поканетите веќе прифатија да настапат. Ова ќе биде одлична прилика за бендовите кои се политички активни и имаат антивоен став, како што се „ЈуТу“, да укажат на ситуацијата во Украина. Волку голем концерт може да изврши дополнителен притисок врз Путин и Русија. Единствен проблем би можел да биде тоа што „Лајв еид“, се поклопува со големиот музички фестивал во Гластонбери, каде исто така настапуваат големи ѕвезди“, додал анонимниот извор за „Сан“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот