Сагата околу Халанд продолжува, сега и Баерн со силен адут влезе во трката за Норвежанецот

Ерлинг Халанд би можел следното лето да се пресели во ПСЖ/ фото: EPA-EFE/FRIEDEMANN VOGEL

Покрај настаните на Евро 2020 главна фудбалска вест беше дека Ерлинг Халанд ги договорил личните услови со Реал Мадрид, ја прифатил понудата на Флорентино Перез, но останува да се реализира најтешкиот дел од работата. Првиот човек на „кралевите“ треба да постигне договор со Борусија Дортмунд која нема намера лесно да се откаже од Халанд. „Милионерите“ бараат 175 милиони евра, подготвени се да ја спуштат цената до 150 милиони евра, но немаат намера да даваат дополнителен попуст.

Во меѓувреме Халанд замина од одмор на Миконос и остава на неговиот татко Алн Инге и агентот Мино Рајола да ги завршат преговорите со Реал Мадрид. Тие сметаат дека за 120 милиони евра Борусија би се согласила да го пушти Халанд со што би се создала можност идното лето на „Сантијаго Бернабеу“ да пристигне Килијан Мбапе и тоа бесплатно.

Прашање е дали овој план на Рајола ќе успее, бидејќи Челси е клубот кој е подготвен да ги исполни барањата на Борусија, односно да плати приближно колку што бара германскиот тим. Наводно европскиот шампион е подготвен да плати 100 милиони евра и во Дортмунд да го испрати Тами Абрахам заендо со уште еден помлад фудбалер.

Но, денеска нова бомбастична вест доаѓа од Германија што е најава дека ќе продолжи сапуницата околу Халанд. Имено, во трката за потписот со одличниот напаѓач се вкучи и Баерн Минхен кој има силен адут во ракавот за Халанд кој треба да биде наследникот на Левандовски.
Бaварците немаат намера ова лето да реагираат, тоа ќе се случи наредното кога клаузулата ќе се намали на 75 милиони евра, но во исто време би му понудиле најголема провизија досега на агентот Мино Рајола кој треба да ја заврши работата и да го убеди Халанд да се пресели во Баерн.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот