САДИО МАНЕ: Човекот кој не дозволува да биде удрен од „славата“!

twitter.com/UsherKomugisha

Фудбалерот на Ливерпул познат како навистина скромен човек, но воедно репрезентативецот на Сенегал со своите одлични игри константно го привлекува вниманието на фудбалската јавност.

А освен што е врвен фудбалер, Мане е воедно голем човек и тоа со години го покажува така што им помага на сиромашните и немоќните, испраќајки различни донации, се појавува меѓу „обичните луѓе“ на разни собири.

Во кратко интервју еден од странските новинари на својот блог, потполно импресиониран од разговорот со Мане, кратко напиша што му кажал Сенегалецот кога разговарале.

„Го прашав како е можно сè што тој добил, ниту малку биде променет од сите тие милиони, целата таа популарност, еве како тој ми одговори“:

– Мој пријателе, што ќе ми се мене 10 „Ферари“, 20 дијамантски часовници или два авиони? Преживеав тешки времиња. Бев толку гладен, преживеав војни, играв бос фудбал, немав образование и други работи, но сега сакам да му се заблагодарам на фудбалот што успеав да му помогнам на мојот народ“, рече Мане.

Успеа да си изгради училишта, стадион, да купи облека, чевли, храна, но и да им даде храна на сиромашните луѓе. одвојува и по 70 евра месечно на луѓето во еден многу сиромашен регион на Сенегал.

– Нема потреба да се покажуваат луксузни автомобили, огромни вили, патувања и авиони. Повеќе сакам да добијам само малку од она што ми го даде животот“ – додаде Мане.

Лани со Ливерпул успеа да ја освои титулата во Лигата на шампионите, финалист во ЛШ во сезоната 2017/2018, освојувач на УЕФА Суперкупот. Досега за „Редси“ има 100 натпревари и 50 голови од 2016 година. Во кариерата беше дел уште од Мец, Ред Бул Салцбург и Саутемптон пред да се пресели на „Енфилд“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот