САД воведоа санкции против Кери Лам и функционери во Хонгконг

САД денеска воведоа санкции против лидерката на Хонгконг, Кери Лам, сегашниот и поранешен полициски комесар и осум други функционери за нивната улога во, како што тврдат, ограничување на политичките слободи во Хонг Конг.

– Кери Лам е извршна шефица директно одговорна за спроведување на кинеската политика за задушување на слободата и демократските процеси, се вели во соопштението на Министерството за финансии на САД.

Санкциите се воведени врз основа на указ потпишан од американскиот претседател Доналд Трамп во јули, а се однесуваат и на секретарот за безбедност и правда во Хонгконг.

– САД стојат со граѓаните на Хонгконг и ние ќе ги употребиме нашите средства и овластувања за да ги таргетираме оние што ја поткопаат нивната автономија, рече американскиот министер за финансии Стивен Мнучин.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот