САД: Турција да прекине со провокациите во Средоземно море

Фото: Профимедиа

 Американските власти денеска побараа Турција да прекине со „намерните провокации” во Средоземното море, каде официјална Анкара испрати брод за експлоатација на гас, ризикувајќи повторно да ја влоши кризата со Грција.

-Бараме од Турција да престане со намерните провокации и веднаш да почне прелиминарни преговори со Грција, изјави портпаролот на американското Министерство за надворешни работи, Морган Ортагус.

Спорот околу истражувањето на гас во август ги доведе морнариците на Турција и Грција, двете членки на НАТО, на работ на конфликт во областа меѓу Кипар и грчкиот остров Крит.

Турската морнарица соопшти дека нејзиниот брод „Орук Реис” до 22 октомври ќе продолжи со сеизмичкото истражување на морското дно во спорниот регион.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот