САД стравува: Прекинати летовите кон и од Венецуела - Слободен печат
ВестиПланета

САД стравува: Прекинати летовите кон и од Венецуела

Во писмо испратено од Министерството за сообраќај, американското Министерство за национална безбедност наведува дека „условите во Венецуела ја загрозуваат безбедноста на патниците, авионите и екипажот, кои патуваат во или од таа земја".

Американското Министерство за сообраќај синоќа нареди прекин на сите комерцијални и товарни авиони меѓу САД и Венецуела, наведувајќи ги како причина немирите и насилството околу аеродромите во таа земја во Јужна Америка.

Во писмо испратено од Министерството за сообраќај, американското Министерство за национална безбедност наведува дека „условите во Венецуела ја загрозуваат безбедноста на патниците, авионите и екипажот, кои патуваат во или од таа земја”.

Министерството за информации на Венецуела засега не ја коментираше оваа одлука.

Многу меѓународни авиокомпании престанаа да летаат во Венецуела поради стравувањата за безбедноста или спорови околу пари, за кои тврдат дека Владата на таа земја им ги должи.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Слични артикли

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close