САД се закануваат со санкции против политичари од Република Српска

САД се заканија, претставниците на Република Српска одговорија дека не се плашат од санкции/ Фото: МИА

Вршителот на должност помошник секретар во американското Министерство за финансии Пол Ахерн денеска ги предупреди политичарите на Република Српска дека ќе се соочат со финансиски санкции доколку продолжат да ја дестабилизираат БиХ.

Според соопштението објавено од американската Амбасада во БиХ, американскиот функционер разговарал со водечките претставници на БиХ во Сараево во последните денови, и им пренел дека американскиот претседател Џо Бајден објавил извршен декрет со кој се најавуваат мерки за борба против корупцијата како „приоритет на националната безбедност”.

Во тој контекст, тој оценил дека неодамнешните заклучоци на Народното собрание на Република Српска за најавата за повлекување на надлежностите од државните институции на ентитетите „се закануваат да ги поништат последните 26 години мир и стабилност во регионот”.

„САД нема да се двоумат да ги повикаат актерите во БиХ, без оглед на нивната политичка определба, кои ги сметаат за одговорни за нивното дестабилизирачко дејствување и постојаната корупција. Американското Министерство за финансии може и ќе ги искористи сите расположливи средства за да се спротивстави на корумпираните актери кои ја загрозуваат иднината на БиХ и нејзините граѓани”, рече вршителот на должноста помошник државен секретар Ахерн.

Претходно оваа недела, Дерек Шолет, специјален советник на американскиот државен секретар Ентони Блинкен, му порача на српскиот член на претседателството на БиХ, Милорад Додик, дека тој ќе ги сноси последиците од потезите на власта на Република Српска.

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот