САД размислува за прва нуклеарна проба после 28 години

фото Архива

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп во изминатите недели размислувала дали да изврши нуклеарна проба, прва после 28 години, извести „Вашингтон пост”, повикувајќи се на добро упатени извори.

Прашањето било покренато на состанокот на раководните луѓе на националните безбедносни служби на САД, по обвинувањата од Белата куќа дека Русија и Кина спроведуваат нуклеарни проби со низок интензитет.

На состанокот не била донесена конечна одлука по ова прашање, но учесниците биле согласни на заканите од Кина и Русија да се одговори со други мерки, а засега да не се вршат нуклеарни проби

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот