САД купува дополнителни 200 милиони дози вакцини Модерна

Вакцини на „Модерна“
Вакцини на „Модерна“ / Фото EPA-EFE/ABED AL HASHLAMOUN

Дополнителни 200 милиони дози на вакцини против Ковид-19 од Модерна купи американската влада, соопшти денеска американската биотехнолошка компанија.

Ова го зголемува вкупниот број на вакцини нарачани од Вашингтон на 500 милиони, а испорачани се 217 милиони дози.

Уште 110 милиони дози треба да бидат испорачани во четвртиот квартал на 2021 година и 90 милиони во првиот квартал на 2022 година.

Новиот договор содржи опција за набавка на други кандидати на Модерна за вакцина против Ковид-19, соопшти компанијата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот