САД испратија нова помош од 30 милиони долари за Молдавија

Протест пред руската амбасада во Кишињев, Молдавија / април 2022 г. / Фото: EPA-EFE/DUMITRU DORU

САД денеска најавија 30 милиони долари помош за Молдавија, која е погодена од последиците од војната во соседна Украина.

Агенцијата на САД за меѓународен развој (УСАИД) соопшти дека на најсиромашната држава во Европа, Молдавија средствата ќе и бидат доставени преку фонд на Светска банка.

Молдавија ќе добие и надомест за претходното купување на електрична енергија.

– Целта на помошта е за ублажување на последиците од енергетската и економската криза предизвикани првенствено од пандемијата со Ковид-19, а потоа со војната во Украина.

Молдавија, која прими голем број бегалци, акутната енергетска криза беше влошена со намалувањето на испораките од Русија, од чиј гас беше целосно зависна. Изминатите месеци, руското ракетирање на енергетските капацитети во Украина предизвика прекин на електричната енергија низ Молдавија, бидејќи системите на двете земји беа поврзани уште од советската ера.

Молдавија, како и Украина во јуни доби статус на кандидат за членство во ЕУ.

Од февруари минатата година Молдавија од САД доби 320 милиони долари итна помош, а на донаторските конференции собрани се стотици милиони евра за справување на последиците од војната во соседството.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот