САД: ЦДЦ препорачува физичка дистанца и меѓу домашни миленичиња

Првиот случај на животно тестирано позитивно од коронавирус беше забележан кај тигар во Зоолошката градина во Бронкс, Њујорк,

Американскиот Центар за контрола на заболувањата (ЦДЦ) препорачува граѓаните кои ги шетаат домашните миленичиња да држат физичко растојание од најмалку два метри не само меѓу себе но и меѓу миленичињата. За мачките пак, се препорачува да се држат дома.

ЦДЦ исто така препорачува луѓето да ги избегнуваат парковите за кучиња или други јавни места каде се собираат луѓе и кучиња.

Во САД досега се појавија повеќе случаи на пренос на Ковид-19 од луѓе на мачки, како лавови или тигри. Иако мнозинство од епидемиолозите се убедени дека домашните животни не играат некаква улога во ширењето на заразата, тие препорачуваат личност инфицирана од Ковид-19 да не контактира со домашно животно.

Доколку таа личност мора да се грижи за животното, ЦДЦ препорачува обврзно носење маска и миење на рацете пред интеракција со животното.

Првиот случај на животно тестирано позитивно од коронавирус беше забележан кај тигар во Зоолошката градина во Бронкс, Њујорк, на почетокот на месецов. Потоа, во истата зоолошка имаше позитивни случаи на уште четири тигри и три афрички лава.

Друштото за заштита на животинскиот свет соопшти дека тие животни се добри, се однесуваат нормално и јадат, и дека им се намалила кашлицата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот