САД активно се обидуваат да ја убедат Северна Кореја да се врати на преговорите

САД „многу активно” се обидуваат да ја убедат Северна Кореја да се врати на разговорите, изјави денеска советникот за национална безбедност на Јужна Кореја, Чунг Еуи-Јонг, во момент кога се ближи крајниот рок кој Пјонгјанг му го постави на Вашингтон за да покаже поголема флексибилност.

– Јужна Кореја многу сериозно го сфаќа рокот што го постави Пјонгјанг, рече Јонг.

Лидерот на Северна Кореја Ким Јонг Ун во април им даде рок на САД до крајот на годината да покажат поголема флексибилност, а функционери од земјата го предупредуваат Вашингтон да не го игнорираат терминот.

Изјавата на јужнокорејскиот официјален претставник следува во момент кога напорите за подобрување на односите меѓу двете Кореи се во застој.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот