Русковска: Се истражува рекет и врз други бизнисмени

Фото: Слободен печат

Засега нема нови моменти во истрагата за случајот „Рекет”. Има сознанија и за други случаи на уцени кои се вршени од осомничените, неколку бизнисмени веќе дале изјава во обвинителството, но во моментов детали за тоа не можат да се откријат, вели обвинителката Вилма Рускоска и посочува дека се уште не завршено вештачењето на запленетиот телефон на обвинителката.

– Имаме сознанија за други случаи, но не можам да ви кажам за колку лица се работи. Тие лица дадоа изјава и сега бараме докази за да ги потврдиме исказите – наведува Рускоска во изјава за Дојче веле.

Информира дека се уште трае вештачењето на телефонот на специјалната јавна обвинителка Катица Јанева, што и беше одземен во понеделникот и дека, од тој аспект, нема нови моменти во истрагата.

Русковска вели дека „се уште не контактирале други обвинители и истражители од СЈО” во врска со случајот „Рекет”, како и за предметот „Империја”.

Таа уште еднаш потврди дека премиерот Зоран Заев го информирал ЈО за случајот „Рекет”. Други случаи на уцена врз бизнисмени пријавени од страна на премиерот, немало.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот